Долги колони возила се создадени на граничниот премин Богородица, каде за влез во Грција се чека и до три часа, велат патници. АМСМ утрово соопшти дека времето на чекање е до еден час, но во меѓувреме се зголеми интензитеттот на сообраќајот. Зголемената фреквенција и застој на граничите премини со Грција се должи на продолжениот викенд и сезоната за одмори.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.