НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ГОДИНАВА ЌЕ Ѝ СЕ ИСПЛАЌА К-15

    НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ГОДИНАВА ЌЕ Ѝ СЕ ИСПЛАЌА К-15Административците ќе добиваат и дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право.(Фото: Влада)

    На вработените во државната администрација од оваа година ќе им се исплаќа регрес за годишен одмор (К-15). Оваа одлука беше донесена на денешната владина седница, а министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е задолжен да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.

    Со оваа одлука се опфатени и судовите, јавни обвинителства, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови, центри за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

    „Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право. Исто така се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите“, велат од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира