НА ЕДНА МАСА МОЖЕ НЕОГРАНИЧЕН БРОЈ ГОСТИ, КАФЕАНИТЕ И ВНАТРЕ И НАДВОР ЌЕ РАБОТАТ СО 50% ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ОБЈЕКТОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    НА ЕДНА МАСА МОЖЕ НЕОГРАНИЧЕН БРОЈ ГОСТИ, КАФЕАНИТЕ И ВНАТРЕ И НАДВОР ЌЕ РАБОТАТ СО 50% ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ОБЈЕКТОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАИ натаму, во кафеаните може да се влезе само со сертификат за ковид вакцинација. (Фото: СДК.МК)

    Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на денешната седница. Исто така, во затворениот и во отворениот дел од објектот, може да има најмногу 50% од капацитетот на објектите.

    За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

    И натаму, во кафеаните може да се влезе само со сертификат за ковид вакцинација.

    Во земјава до вчера активни се 6.759 болни од ковид.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира