НА ГРУЕВСКИ НЕ МУ СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР, ВЕЛИ ЕВРОПРАТЕНИКОТ ВАЈГЛ

    НА ГРУЕВСКИ НЕ МУ СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР, ВЕЛИ ЕВРОПРАТЕНИКОТ ВАЈГЛВајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент, најави дека е можно да се заобиколи претседателот Иванов и да се формира влада. - Архивска фотографија од Шарената револуција

    Европратеникот Иво Вајгл не очекува наскоро да има разрешница на кризата во Македонија, бидејќи, како што вели тој, на Никола Груевски не му се оди во затвор. Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент, во изјава за агенцијата „Анадолу” откри дел од разговорот што тој, заедно со уште двајца други европратеници и еврокомесарот Јоханес Хан, го имале со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на Скопје неделава.

    „Најкарактеристична е една изјава која нам ни ја даде Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, дека ќе инсистира до крај, дека не му се оди во затвор. Ако е тоа мотив на сето ова, тогаш значи дека уште долго нема да има компромис”, изјави Вајгл за АА.

    Сепак, факт е, вели Вајгл, дека оние коишто имаат мнозинство, предводени од СДСМ, сега имаат некоја друга можност.

    Тој смета дека, врз основа на тоа мнозинство, може да се заобиколи претседателот Ѓорге Иванов и да се избере влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира