НА ИНТЕНЗИВНА УШТЕ ПЕТ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА

    НА ИНТЕНЗИВНА УШТЕ ПЕТ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌАОд Министерството за здравство велат дека засега сите пациенти се во добра состојба.- Министерот за здравство Арбен Таравари од вчерашната посета кај повредените во Ургентен центар (фото:СДК.МК)

    Петмина од 17-те настрадани во автобуската несреќа што се случи завчера вечер кај велешката патарина, а кои беа хоспитализирани на скопските клиники, се пуштени на домашно лекување, соопшти Министерството за здравство.

    Во сообраќајната несреќа кај велешката патарина излета автобус со 44 патници, кој се враќал од Халкиди, Грција. Автобусот бил изнајмен од скопска туристичка агенција. Во несреќата беа повредени 28 пациенти, а една од патничките почина завчера ноќта на скопските клиники.

    На Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар ТОАРИЛУЦ се уште се лекуваат осум пациенти, од кои двајца се на одделението за ортопедија, а петмина на интензивно лекување во КАРИЛ. На Клиниката за неврохирургија се лекува еден пациент и уште еден на Клиниката за торакално васкуларна хирургија.

    „Сите пациенти засега се надвор од животна опасност. На клиниката за хируршки болести ‘Св Наум Охридски’ во текот на денешниот ден дома ќе бидат пуштени тројца пациенти, а кај нив на лекување ќе останат уште двајца од повредените во сообраќајната несреќа. Сите пет повредени што беа згрижени во општата болница Велес се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира