НА ИЗБОРИТЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО НЕПРОМЕНЕТИ ЛИЧНИ КАРТИ

    НА ИЗБОРИТЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО НЕПРОМЕНЕТИ ЛИЧНИ КАРТИСпасовски кажа дека остварување на кое било граѓанско право нема да биде доведено под знак прашање доколку навреме не се променат личните документи.(Фото: СДК.МК)

    На претседателските и парламентарните избори догодина ќе може да се гласа со старите лични карти, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање каже дека остварување на кое било граѓанско право нема да биде доведено под знак прашање доколку навреме не се променат личните документи.

    За вчера искажаниот став на народниот правобранител дека личните документи со додавката Северна треба да бидат на товар на буџетот на државата рече дека засега нема таква одлука.

    Во однос на промената на личните документи коишто ги имаме засега нема каква било друга одлука од таа која што е донесена. Значи, тие треба да бидат променети“, рече Спасовски во одговор на прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово.

    Досега со Северна Македонија се издадени над еден милион документи лични докумнети.

    Согласно одредбите од Преспанскиот договор, сите граѓани заклучно со февруари 2024 година треба да ги променат личните документи на кои мора да стои новото уставно име на државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира