Ако партиите се договоратпарламентарните избори да бидат на 8 мај 2024, тогаш на 28 февруари ќе бидат распишани, а техничка влада ќе има од крајот на јануари, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со медиумите.
Тој вели дека досега до него не е стигната никаква информација дека е постигнат договор меѓу партиите за денот на одржување на изборите.
„Во медиумите се пишува дека изборите ќе бидат 8 мај, тогаш 70 дена наназад се распишуваат изборите, а тоа е 28 февруари. Бидејќи се редовни избори, 100 дена претходно треба да се избере техничка Влада“, рече Џафери.
Според извори на САКАМДАКАЖАМ.МК, парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, среда, заедно со вториот круг на претседателските избори. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април.
А. АНТЕВСКА