НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА ИМ СТАНЕ ЈАСНО ШТО ЗНАЧИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ВЕЛИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АНКЕ ХОЛШТАЈН

    НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА ИМ СТАНЕ ЈАСНО ШТО ЗНАЧИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ВЕЛИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АНКЕ ХОЛШТАЈНСо тоа што земјата планира целосно да се приклучи на пакетот санкции кон Русија, Северна Македонија покажува политичка зрелост, вели германската амбасадорка Холштајн. (Фото: СДК.МК)

    Германската амбасадорка во Скопје Анке Холштајн вели дека Северна Македонија денеска јасно гледа што значи да се биде членка на НАТО и да не беше земјата членка на Алијансата, таа ќе се наоѓаше во многу поинаква положба од сега.

    „Северна Македонија денеска јасно гледа што значи да се биде членка на НАТО. Да не беше земјата членка на Алијансата, таа ќе се наоѓаше во многу поинаква положба од сега. Преспа значи членство во НАТО и безбедна Северна Македонија“, вели амбасадорката. Таа е децидна дека со овој договор се покажа колку е важно да се биде дел од НАТО и да се има сојузници со кои ќе може заедно да се делува“, кажа Холштајн, коментирајќи ги најновите случувања со инвазијата на Русија во Украинa на денешната презентација на јавното мислење во врска со пристапниот процес во ЕУ.

    Таа рече дека никој не очекувал дека ќе се случи ваков развој на настаните и никој не знае каде сето ова ќе води, но на македонските граѓани денеска треба да им стане јасно што значи Преспанскиот договор за земјата.

    Со тоа што земјата планира целосно да се приклучи на пакетот санкции кон Русија, Северна Македонија покажува политичка зрелост, додаде Холштајн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира