НА МЕНЕ И НА МИЛЕ НИ СЕ ПРЕКРШЕНИ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА СО ТОА ШТО СМЕ БИЛЕ ПРИСЛУШУВАНИ СО ГОДИНИ, СЕ ПОЖАЛИ ЈАНКУЛОСКА НА „ТИТАНИК“

    НА МЕНЕ И НА МИЛЕ НИ СЕ ПРЕКРШЕНИ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА СО ТОА ШТО СМЕ БИЛЕ ПРИСЛУШУВАНИ СО ГОДИНИ, СЕ ПОЖАЛИ ЈАНКУЛОСКА НА „ТИТАНИК“Ексминистрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска се обратиле за помош кај Народниот правобранител. - Јанакиески и Јанкулоска утрибава пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: К. Попов)

    Обвинетите поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески на денешното судење за предметот на СЈО „Титаник“ му рекоа на судијата Осман Шабани дека им биле нарушени човековите права со тоа што со години биле незаконски прислушувани.

    Тие рекоа дека не може судот да донесе одлука врз основа на докази со кои најгрубо им биле прекршени човековите права. Откако адвокатите на обвинетите, еден по еден, даваа објаснување зошто бомбите не треба да се користат како доказ, збор побараа Јанакиески и Јанкулоска.

    „Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница оти и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба“, рече Јанкулоска.

    Јанакиески рече дека тој и Јанкуловска се обратиле до Народниот правобранител оти не добиле од СЈО информација кога и како биле прислушувани и со цел да ги остварат своите права како граѓани на Република Македонија.

    „Не само што незаконски сум бил следен со години, туку не е сигурна ни автентичноста на тие разговори“, рече Јанакиески.

    По ова, судијата Осман Шабани даде пауза од еден час поради мајчинските права на Јанкуловска. Шабани рече дека отсега судењата заради породилните права на Јанкуловска ќе траат од 10 до 12 часот, потоа ќе следи еден час пауза, па од 13 до 15 часот и по паузата од еден час од 16 до 18 часот. На оваа одлука реагираа адвокатите на Груевски и останатите обвинети велејќи му на судијата дека многу доцна е судењето да трае до 18 часот. На тоа Шабани им одговори дека сè е според судскиот деловник.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира