НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ПРИСТИГНАА 149 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН

    НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ПРИСТИГНАА 149 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАНОд Владата велат дека станува збор за 149 граѓани на Авганистан, вработени во меѓународни институции, членови на нивни семејства и соработници. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На Скопскиот аеродром доцна во понеделник навечер пристигна првата група евакуирани бегалци од Авганистан. Станува збор за 149 граѓани на Авганистан, вработени во меѓународни институции, членови на нивни семејства и соработници.

    Евакуираните бегалци слетаа од Тблиси. Грузија со авион од типот „боинг 767“ на компанијата Кам ер  а на Скопскиот аеродром ги пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Од Владата информираа дека станува збор за за граѓани кои билеа животно загрозени од талибанските структури и на кои нашата земја им помага да си го спасат животот.

    „Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан. Праќаме порака на топло добредојде, солидарност и поддршка. Кажуваме добредојде на граѓани кои се спасуваат од налетот на радикализмот, кои во изминативе 20 години го бранеа мирот и декомкратијата во Авганистан“, велат од Владата.

    На аеродромот бегалците беа примени од екипи на Црвениот крст кои им доделија средства за лична хигиена, а Министерството за внатрешни работи ги изврши потребни безбедносни проверки. На сите лица им е издадена виза со важност од 90 дена.

    Министерството за здравство за сите лица ќе обезбеди ПЦР тестови и вакцвини за оние кои сакаат да се имунизираат.

    Бегалците ќе биде сместени во хотели во Скопје и околината, а трошоците за нив ќе ги покриваат меѓународните организации кои изминатиот период беа присутни во Авганистан и се вклучени во организација на евакуацијата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира