НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТА ПРВИОТ ЧАРТЕР СО 180 ТУРИСТИ ОД ГЕРМАНИЈА

    НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТА ПРВИОТ ЧАРТЕР СО 180 ТУРИСТИ ОД ГЕРМАНИЈААвиокомпанијата ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни и од октомври до декември. (Фото: Министерство за транспорт и врски)

    Денеска на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со туристи од Германија. Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори, во соработка со Владата, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни и од октомври до декември.

    Како што рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски, преку оваа програма за дојдовен туризам годишно се очекуваат 35.000 европски туристи од Германија, Франција и Велика Британија.

    „Најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија преку новиот чартер лет од Германија, До крајот на годината очекуваме преку 35.000 гости. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе ни доаѓаат надвор од главната туристичка сезона. Македoнија првпат гледа голем број на туристи надвор од главната сезона“, рече Николоски на прес-конференцијата по повод слетувањето на првиот чартер.

    Се очекува да има летови од германските градови Франкфурт, Диселдорф, Хамбург, Хановер, Берлин, Минхен, Штутгарт и Лајпциг, како и од Париз, Лион и Марсеј. Турите ги организира германската компанија „РСД“.

    Според податоците од веб страницата на германскиот туроператор, станува збор за неколкудневни организирани тури со прошетки низ Балканот, најмногу во Косово, Албанија и Црна Гора, во турата е вклучен и Охрид, а Скопје ќе им биде почетна и крајна дестинација.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира