НА СУДЕЊЕТО ЗА ПРЕТЕПАНИОТ СЕЛА ПРИКАЖАНА И ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНА СНИМКА ОД КАМЕРА НА СИТЕЛ

    НА СУДЕЊЕТО ЗА ПРЕТЕПАНИОТ СЕЛА ПРИКАЖАНА И ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНА СНИМКА ОД КАМЕРА НА СИТЕЛНа првпат објавена видео снимка од камери на ТВ Сител се гледа дека толпата се разидува, остануваат 30-тина лица внатре, добар дел со качулки. Мавањето со железни предмети продолжува, внатре се и дел од обвинетите за обид за убиство на Села (архивска фотографија СДК.МК)

    На првпат објавена видео снимка од камера на ТВ Сител, Александар Кирацовски, Благоја Бочварски, Петре Шилегов, Максим Димитриевски, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Горан Мисовски, Зоран Заев и обезбедувањето се раскрвавени, но застанати пред Зијадин Села, Талат Џафери, Сурија Рушити, Реџаил Исмаили, кои се притиснати во ќош.

    Толпата се разидува, остануваат 30-тина лица внатре, добар дел од нив со качулки. Мавањето со железни предмети продолжува, внатре се и дел од обвинетите за обид за убиство на Села.

    Цело време тука е Игор Југ, кој е во притвор, но не за нападот врз Села. Тој не фрла, не удира, но фатен за појасот одзади со десната рака, прави бавни движења упатени кон повредените и прави простор. Дотука најмногу повреден е Зоран Заев. Му тече крв од расцепеното чело, му се пика во устата.

    Максим Димитриевски повреден, во еден момент се подава кон Заев. Летаат фотељи, шипки, сталаци, тие исплашени се прегрнуваат.

    Бившиот пратеник од ВМРО ДПМНЕ Александар Флоровски вика на сет глас, ги одвраќа насилниците. До него е пратеникот Влатко Ѓорчев, кој јаде ќотек заедно со пратениците од СДСМ. Со раширени раце се обидува истовремено и да фаќа од некој од фрлените сталаци.

    Оваа снимка во судницата во Основниот суд Скопје 1 завршува со кадар во кој Села е зашеметен, но сѐ уште е тука и сѐ уште е на нозе.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира