НА СУДИЈКАТА ПЕТРОВСКА НЕ Ѝ Е НЕПРИЈАТНО ДА СЕДИ ДО ЈАНЕВА, КОЈА БАРАШЕ НЕЈЗИНО РАЗРЕШУВАЊЕ

    НА СУДИЈКАТА ПЕТРОВСКА НЕ Ѝ Е НЕПРИЈАТНО ДА СЕДИ ДО ЈАНЕВА, КОЈА БАРАШЕ НЕЈЗИНО РАЗРЕШУВАЊЕСудијката Лидија Петровска и колегата Лазар Нанев на денешната конференција „Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот закон за кривичната постапка“. (Фото: СДК.МК)

    Судијката од Кривичниот суд Лидија Петровска, кај која досега се паднаа три предмети на СЈО, вели дека тоа што нејзиното име се споменува во „бомбите“ не ја дисквалификува да суди. Петровска, која денеска учествуваше на конференција „Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот закон за кривичната постапка“ додаде дека не ѝ е непријатно да седи до специјалната обвинителка Катица Јанева, која, исто така, беше присутна на конференцијата.

    „Тоа што ме има во бомбите, не ме дисквалификува да судам“, изјави Петровска.

    За Петровска, која ги суди предметите на СЈО, „Транспортер“, „Тврдина 2“ и „Триста“, Јанева уште на 23 септември минатата година побара изземање на судијката оти се споменува во разговорот меѓу нејзината колешка Сафија Лаличиќ и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков како „сваровски судијка“, а потоа на 27 февруари побара и нејзино разрешување. И двете барања на СЈО беа одбиени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира