НА ВОЗРАСТ ОД 29 ДО 79 ГОДИНИ СЕ 14-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАР, 12-ТЕ СПАСЕНИ СЕ ВО ДОБРА СОСТОЈБА

    НА ВОЗРАСТ ОД 29 ДО 79 ГОДИНИ СЕ 14-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАР, 12-ТЕ СПАСЕНИ СЕ ВО ДОБРА СОСТОЈБАВо моментот на пожарот во болницата имало 26 пациенти, 2 лекари и 4 медицински сестри, нема повредени или починати здравствени лица. (Фото: К. Попов)

    Во пожарот што синоќа избувна во модуларниот Ковид-центар во Тетово загинаа 14 лица на возраст од 29 до 79 години, нивните тела се предадени на Институтот за судска медицина и ќе се прават и анализи на ДНК за што се информирани и членовите на семејствата, рече министерот Венко Филипче на првата прес-конференција по синоќешна катастрофална несреќа. Тој кажа дека во моментот на пожарот во болницата имало 26 пациенти, 2 лекари и 4 медицински сестри, нема повредени или починати здравствени лица. 12 пациенти кои се евакуирани безбедно од изгореноот Ковид-центар сега се во Тетовската болница и се во стабилна состојба, без последици од пожарот.

    Филипче кажа дека не бега од одговорност, но ќе инсистира на тоа и ќе чека да заврши истрагата и после ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка.

    Филипче кажа дека истрагата уште трае и замоли за трпение да се почекаат сите официјални наоди и да не се шпекулира за причините за пожарот, и дека одговорност никој нема да биде изземен.

    Тој апелираше да не се создава недоверба кон модуларните болници кои спасуваат животи во ковидкризата. Во Министерството за здравство денеска цел ден се правел увид во изградбата на проектите за модуларните болници. Внатрешниот увид покажа дека сите вградени материјали имаат сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со атест под назор на сертифицирани компании за монтажа. Поставувањето на центрите е под строга контрола и во согласност со Светска банка која го поддржа проектот, рече Филипче.

    „Истрагата треба да утврди дали и како по предавањето објектот бил одржуван и раководен
    и Министерството за здравство, а апелирам и сите други институции да соработуваат со истрагата зашто во најголем интерес е да се утврди што се случувало“, рече Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира