НАД 70 ОТСТО ОД БУГАРИТЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА

    НАД 70 ОТСТО ОД БУГАРИТЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈАНајтврди ставови против Македонија имаат жителите на главниот град Софија. (Фото: СДК.МК)

    71,1 отсто од Бугарите се против нивната влада да попушти во однос на евронтеграциите на Македонија, според анкета на „Галуп“. Огромно мнозинство од бугарските граѓани сметаат дека приоритет е уредувањето на односите меѓу Скопје и Софија, а не е толку важно дали Македонија ќе стане членка на Европската Унија. Само 7,5 отсто од Бугарите сметаат дека е поважно Македонија да стане членка на ЕУ, дури и да не се докрај уредени односите со Бугарија. 21,4 отсто се без конкретен став по прашањето.

    Според анкетата, најтврди ставови имаат Бугарите над 45 години и жителите на Софија, додека најголем дел од оние без конкретен став по прашањето се помлади Бугари. Анкетата била спроведена од 25 до 3 декември, а споредено со анкета со истото прашање од ноември минатата година, овојпат е зголемен бројот на Бугарите кои се противат на подигнување на ветото за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија. Лани, тој процент бил 57,9, а тогаш имало и повеќе што се колебаат – 36,3 отсто.

    Во средата, бугарската влада потврди дека нема да ја промени позицијата за почнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, т.е. нема да го тргне ветото.

    Од бугарската влада се повикуваат на декларацијата на бугарскиот парламент од 10 октомври 2019 година и велат дека таа позиција останува и за состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на 14 декември во Брисел.

    Во декларацијата на бугарскиот парламент, со која се поставуваат услови за евроинтеграцијата на Македонија, се негира постоењето на македонски јазик и се бара бришење на изразот “бугарски фашистички окупатор”.

    Од бугарската влада рекоа дека се подготвени да дадат зелено светло за почнување на пристапни преговори на ЕУ со Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира