НАДОМЕСТОТ ЗА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ДА НЕ БИДЕ ПОМАЛА ОД 12.000 ДЕНАРИ, БАРА НОВА ИНИЦИЈАТИВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАДОМЕСТОТ ЗА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ДА НЕ БИДЕ ПОМАЛА ОД 12.000 ДЕНАРИ, БАРА НОВА ИНИЦИЈАТИВА

    Надоместот на плата на родител на лице со посебни потреби да не биде помал од половина од просечната нето плата за последните шест месеци, е само едно од барањата на граѓанската иницијатива за измени на законските и подзаконските акти, како и на правилниците кои се однесуваат на лицата со посебни потреби. Инцијативата ја покренува Ресурсниот центар на родители со посебни потреби, а таа ќе биде доставена до сите надлежни институции.
    “Мал број родители кои имаат деца со посебни потреби работат, и имаат потреба од скратено работно време, бидејќи времето им е потребно за нега и грижа за своите деца. Но, стапката за надоместокот на плата е мала и изнесува 4.800 денари. Моменталниот начин на пресметување според Законот за работни односи ги става родителите во неповолна, нееднаква и дискриминаторска положба, во однос на останатите вработени“, стои во граѓанската иницијатива.
    Поддршка за оваа инцијатива преку книга со потписи се собрираше на Првиот меѓународен конгрес за лица со посебни потреби, што изминатите три дена се оддрша во Скопје, на кој покрај стручни излагања oд домашни и странски доктори, имаше и психолошка работилница, продажна изложба на дела изработени од деца со посебни потреби, а вчеравечер во Домот на АРМ се оддржа и третиот по ред Бал на различности, кој го организира Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби “Дајте ни крилја“. На Балот на различности покрај домашни и странски уметници, настапија и лица со посебни потрби. Танчерите со Даунов синдром од студиото “Дансерс Јунајтед МК“ изведоа дел од претсавата “Викајте ги среќа“. Лицата со посебни потреби се претставија и со креации од домашни дизајнери како дел од модната ревија на балот.
    “Ќе бараме поддршка од сите политички партии, како и од сите надлежни инститиции да се изменат законските и подзаконските акти, како и правилниците кои се однесуваат на лицата со посебни потреби. Имаме повеќе барања за подобрување на легислативата и од аспект на здравствена и на социјална заштита, и за подобра инклузија во образовниот процес. Се уште не сме преброиле колку потписи се собрани, има стотици. Книгата за поддршка на лицата со посебни потреби и натаму ќе биде отворена за потписи од сите граѓани“, вели Ребека Јанковска Ристевски, претседател на здружението “Дајте ни крилја“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира