НАЌЕ ЧУЛЕВ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ Е НОВИОТ ПРЕДЛОГ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

    НАЌЕ ЧУЛЕВ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ Е НОВИОТ ПРЕДЛОГ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИНаќе Чулев е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада, која треба да биде избрана утре во Собранието, на 100 дена пред изборите на 12 април. (Фото: МИА)

    ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Наќе Чулев од Агенцијата за разузнавање како нов предлог за министер за внатрешни работи во техничката влада, соопшти партијата.

    Според неговата биографија, доставена од партијата, Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постдипломски студии по мир и развој. Тој работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР. Од 2013 до 2017 година бил директор на Агенцијата за разузнавање, а од 2017 до 2019 година генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Во 2017 година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители. Има 47 години, а роден е во Кавадарци.

    Претходно, ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи го предложи полковникот во АРМ Драган Ковачки, но Уставот забранува активно воено лице да го предводи ресорот.

    Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада, која треба да биде избрана утре, се уште Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјала, Цветан Трипуновски за заменик министер за земјоделие, Гордана Димитриеска Кочоска за заменичка министерка за финансии и Невенка Стаменковска Стојковски за заменичка министерка за информатичко општество и администрација.

    Кандидат за технички премиер на предлог на власта е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира