НАМАЛЕН КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА, ВЛАДАТА ГО ФАТИ ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ ДА ИЗДАДЕ ЕВРООБВРЗНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:75:"Лондон,Скопје,(Ројтерс,САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАМАЛЕН КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА, ВЛАДАТА ГО ФАТИ ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ ДА ИЗДАДЕ ЕВРООБВРЗНИЦА

    Владата го фати последниот воз за издавање на еврообрзницата од 450 милиони евра, затоа што од вчера кредитниот рејтинг на Македонија според рејтинг агенцијата Фич е спуштен од „ББ+“ на „ББ“.

    Според соопштението на агенцијата Фич, што во петокот вечерта го пренесе Ројтерс, намалувањето на кредитниот рејтинг со натамошна негативна перспектива се должи на „обвинувањата за корупција што ги потврдуваат недостатоците во стандардите на добро владеење“, како и „ опструкциите што во истрагите за корупција на високо ниво му се прават на Специјалниот обвинител“.

    Во Министерството за финансии им било јасно дека кредитниот рејтинг на Македонија ќе биде спуштен минатиот месец кога луѓето од рејтинг агенцијата Фич биле дојдени за нова проценка, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Министерството. Затоа и Владата брзаше по секоја цена да се задолжи кај странските инвеститори.

    Другата релевантна агенција што ги мери кредитните рејтинзи на земјите, Стандард и Пурс одамна ја има спуштено оценката. Впрочем, првиот рејтинг што воопшто Македонија го доби беше оценката на Стандард и Пурс кој беше „ББ+“. Тоа е шпекулативен рејтинг, но стално до оценката има и изглед (outlook) кој ако е позитивен се смета на чекор до инвестициски рејтинг.

    Стандард и Пурс одамна го имаат спуштено изгледот, а пролетта ја спуштија и оценката. На Владата на Македонија и остана само надеж во агенцијата Фич, која до вчера ја држеше оценката на „ББ+“, со стабилен изглед. Тоа даваше некакви изгледи дека земјата може да добие поволна камата за еврообврзница. По намалувањето на оценката и на Фич, Македонија во догледно време може да се збогува од странско задолжување со колку – толку поволни камати.

    Како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг агенцијата Фич ги наведе и неуспехот на договорот од Пржино од минатата година и неуспешните обиди да се одржат предвремени парламентарни избори во април и јуни оваа година.

    Рејтинг агенцијата ги бележи и повеќемесечните протести и бојкотот на Парламентот од страна на главната опозициска партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира