НАПАЃАЧОТ НА ШЕКЕРИНСКА ПОБАРА ОД СУДОТ ДА ИМА РАЗБИРАЊЕ И ДА НЕ ГО ПРАЌА ВО ЗАТВОР

    НАПАЃАЧОТ НА ШЕКЕРИНСКА ПОБАРА ОД СУДОТ ДА ИМА РАЗБИРАЊЕ И ДА НЕ ГО ПРАЌА ВО ЗАТВОРОбвинетиот Панче Ангелов го призна делото и кажа дека се кае. - Радмила Шекеринска и обвинетиот на првото рочиште (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот напаѓач на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на организираниот напад во Собранието на 27 април на денешното судско рочиште призна вина и побара од судот да има разбирање за него, бидејќи, како што кажа, живее сам и ако оди во затвор ќе нема кој да му помогне. Обвинетиот Панче Ангелов е обвинет за кривично дело Насилство, за кое што е предвидена казна затвор во траење од 3 до 10 години.

    „Разбрав за што сум обвинет, се чувствувам виновен за кривичното дело. Го признавам во целост како што е напишано во обвинителниот акт. Доброволно, без присила од кого било, при потполна свест. Се извинувам кон целата јавност за тоа грозомормно дело што го направив и им се извинувам на оштетените во оваа кривична постапка. Не ми беше целта да ја повредам, туку да ја тргнам настрана, но во тоа тргање можеби употребив повеќе сила. Искрено се каам за стореното дело и се надевам дека судот ќе има разбирање за мене и ќе ми одреди поблага казна, бидејќи живеам сам и доколку одам во затвор нема кој да ми помогне“, кажа Ангелов на почетокот на судењето, пред да се обрати обвинителката.

    Обвинителка потоа рече дека тоа што обвинетиот го признал делото е потврда за доказите кои што биле приложени на судот и додаде дека признанието може е олеснителна околност најмногу до 70% од казната.
    „Го почитуваме признанието, но судот сепак треба да ги цени околности за стореното кривично дело и за подмолниот начин на кој што е искористена немоќта на оштетената“, кажа обвинителката.
    Судијата рече дека пресудата ќе биде изречена за една недела, на 12 октомври.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари