НАРОДНА БАНКА ИМ ДОЗВОЛИ НА БАНКИТЕ ПАК ДА ЈА ОДЛОЖАТ ИСПЛАТАТА НА КРЕДИТИТЕ ПОРАДИ КОВИД-КРИЗАТА

    НАРОДНА БАНКА ИМ ДОЗВОЛИ НА БАНКИТЕ ПАК ДА ЈА ОДЛОЖАТ ИСПЛАТАТА НА КРЕДИТИТЕ ПОРАДИ КОВИД-КРИЗАТАВаква одлука Народна банка донесе на 20 март годинава, на почетокот на пандемијата на коронавирус, по што банките ја одложија отплатата на кредити во рок од шест месеци. - Редици пред Комерцијална банка (Фото: СДК.МК)

    Советот на Народна банка донесе регулаторни измени со кои што банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи, соопшти Народна банка. На банките останува да ги утврдат условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит.

    Ваквата одлука Народна банка ја донела по неколку состаноци со претставници на Македонската банкарска асоцијација, имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризата и оттаму велат дека целта е да се помогне на оние клиенти кои се негативно погодени од пандемијата на ковид-19. Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

    „Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје“, се вели во соопштението на Народна банка.

    Првата ваква одлука Народна банка ја донесе на 20 март годинава, на почетокот на пандемијата на коронавирус, по што банките ја одложија отплатата на кредити во рок од шест месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира