НАРОДНАТА БАНКА ЈА ПУШТИ ВО ОПТЕК КОВАНАТА ПАРА „ВЛАДИМИРСКА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАРОДНАТА БАНКА ЈА ПУШТИ ВО ОПТЕК КОВАНАТА ПАРА „ВЛАДИМИРСКА“

    Народната банка ја пушти во оптек кованата пара „Владимирска“ за колекционерски цели, од серијата „Икони на Пресвета Богородица“. Оваа кована пара е изработена од сребро, а цената на „Владимирска“ изнесува 3.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.
    На „Владимирска“ на аверсот, во централниот дел е претставен приказ од Благовештението, врз основа на фреска од македонската црква којашто се наоѓа во селото Старo Нагоричане (од 1313 до 1318 г.). Во горниот дел е прикажано името на издавачот на монетата – Република Македонија (на македонски јазик) и грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање на монетата – „2016“. Во долниот дел од аверсот е прикажана номиналната вредност – „100 денари“ и ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата – „31,1 г“. На реверсот, во централниот дел е прикажан портрет на Пресвета Богородица Владимирска, врз основа на делата на Строгановската школа за иконопис (Русија, крај на XVI век). Украсите околу централната слика, огледалната основа, ѕвездите на облеката и ореолите на Богородица и на детето Исус се позлатени. На долниот дел од монетата е претставен натписот „Владимирска“ на македонски јазик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари