НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГИ ПОДДРЖА БАРАЊАТА НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГИ ПОДДРЖА БАРАЊАТА НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

    Судската администрација која протестира пред Министерството за правда за зголемување на платите, освен од судиите, поддржана е и од Народниот правобранител Иџет Мемети. Според него проблемот е многу поголем отколку што изгледа. Тој подготвува посебен извештај во врска со нарушување на системот на правичност на вработените во судската администрација.

    “Во извршната власт, владата, за едно вработено лице се издвојуваат милионипол денари на годишно ниво. За вработен во судската администрација, според она што може да се прочита и да се спореди во Буџетот, се издвојуваат само 500.000 денари годишно. Има страшна неправичност во однос на судската администрација. Судската власт, односно претседателот на Судскиот совет, кој е предлагач на судскиот буџет, не ја одигра улогата. Судскиот совет воопшто не води грижа, не дава предлози за финансиски средства колку што треба, тој не креира политики. Лицата вработени во судската администрација имаат право да се чувствуваат нееднакви во општеството“, оцени на денешната прес-конференцијата Народниот правобранител Иџет Мемети.

    Тој смета дека принципот на правичност е прекршен од страна на предлагачот на судскиот буџет, а тоа е претседателот на Судскиот совет, но и од страна на тие што го изгласуваат Буџетот на РМ. Мемети потсети дека обвинителството доби покачување, затоа што Советот на јавни обвинители побара покачување, што не е случај со Судскиот совет.

    “Ако го прелистувате Буџетот, ќе видите дека судската администрација е под секој однос на буџетско етаблирање и покрај тоа што е утврдено дека судската власт треба да има 0,8 отсто од БДП-то во РМ. Тоа значи дека треба да се издвојуваат годишно 70 милиони евра за судската власт, а не се издвојуваат ни 50 отсто од тоа што го бара законот. Тука се гледа принципот на нееднаквост.

    До петокот, рече Мемети, немало поплаки за притисоци врз тие што протестираат.

    “Од петокот наваму, партиски мисионери одат кај вработени што протестираат, ги омаловажуваат, им се закануваат дека ништо нема да добијат. Ние отворивме постапка, го следиме протестот и притисоците врз судската администрација. Ќе подготвиме посебен извештај кој ќе биде поднесен до подносителот на Буџетот“, најави Мемети.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари