НЕ БЕВ ИНФОРМИРАН ЗА ПРОТОКОЛИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ ОТКАКО БЕШЕ ФАТЕН ВО КАФЕАНА ВО КОЈА НЕ ЈА ПУШТАА ИНСПЕКЦИЈАТА

    НЕ БЕВ ИНФОРМИРАН ЗА ПРОТОКОЛИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ ОТКАКО БЕШЕ ФАТЕН ВО КАФЕАНА ВО КОЈА НЕ ЈА ПУШТАА ИНСПЕКЦИЈАТА„Ако некој имаше дилема, сега е повеќе од јасно, кристално јасно дека власта и параполициските сили диригирани лично од Зоран Заев ме следат“, напиша Мицкоски на Фејсбук, откако беше фатен од инспекција во кафеана на најпрометната улица во Дебар Маало. - Мицкоски на лидерска средба кај претседателот (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ноќеска преку објава на својот Фејсбук профил призна дека бил во ресторан на Боемска улица и седел во затворениот дел што е спротивно на протоколите за работа на угостителските објекти и заштита од КОВИД-19. Тој вели дека бил со двајца познаници, со што е прекршен уште еден протокол, бидејќи е дозволено максимум двајца да седат заедно во угостителски објект. Дозволено е и четворица да седат заедно, но само ако се членови на исто семејство. Мицкоски вели дека не бил доволно информиран за новите протоколи и затоа седнал со познаниците внатре во кафеаната.

    „Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, првпат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Човечки е да се згреши, и не сум лицемер кој едно говори пред камерите, а друго зад нив. Сакам да демантирам, дека имав било каков контакт со било кој од државната инспекција или органите на државата. Тоа се измислици за да се потхрани дефокусирањето на јавноста“, вели Мицкоски на Фејсбук.

    Мицкоски смета дека власта со ова сака да ја дефокусира јавноста од лошото менаџирање на коронакризата и зголемениот број новозаболени.

    „Власта сака да продаде приказна за да ја скрие вистината за себе, и фактот дека моето одење во ресторан не зарази никого, но нивната неспособност и СДСМ кластерот, да. Ако некој имаше дилема, сега е повеќе од јасно, кристално јасно дека власта и параполициските сили диригирани лично од Зоран Заев ме следат. И треба да знаат, Македонија не заборава, а сите тие ќе бидат поразени“, вели Мицкоски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира