НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО ПРВАТА СРЕДБА НА НОВАТА ГЕРМАНСКА МИНИСТЕРКА ЗА ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ СО НИКОЛА ДИМИТРОВ, ВЕЛИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈН

    НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО ПРВАТА СРЕДБА НА НОВАТА ГЕРМАНСКА МИНИСТЕРКА ЗА ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ СО НИКОЛА ДИМИТРОВ, ВЕЛИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈНИ во коалицискиот договор е потврдено дека Германија ја гледа иднината на целиот Западен Балкан во ЕУ, вели Холштајн (Фото: СДК.МК)

    Новата германска влада во својот коалициски договор јасно истакна дека го поддржува пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западен Балкан и смета дека во наредниот период мора да бидат отворени првите поглавја со Северна Македонија и Албанија, вели германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн, во интервјуто за македонската редакција на „Дојче веле“.

    Ана Лирман го наследи Михаел Рот на функцијата државен министер за Европа и првата средба што таа ќе ја има ќе биде со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

    „Јас сум цврсто убедена дека повеќе од симболично е што новата државна министерка за Европа во германското МНР, Ана Лирман, како прв странски гостин ќе го прими вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, Никола Димитров. Има јасни изјави во коалицискиот договор за нашата политика во однос на Западен Балкан и оваа јаснотија претставува новитет“, вели Холштајн.

    Според неа, регионот нема алтернатива за членството во ЕУ.

    „Како што е потврдено во коалицискиот договор, ние ја гледаме иднината на целиот Западен Балкан во ЕУ. Нашата надворешна политика кон Западен Балкан се води во континуитет. Со Берлинскиот процес, кој почна во 2014, имаме инструмент кој регионалната соработка и вмрежувањето ги донесе на едно ново, многу повисоко ниво. Тука мислам на укинувањето на роамингот, како и на заедничкиот економски простор на Западен Балкан, кој сѐ уште не стана реалност“, изјави Холштајн.

    Таа вели дека Македонија ги има сите предуслови да ги почне пристапните преговори.

    „Германија и Европската комисија, како и речиси сите земји-членки, неуморно работат за брз почеток на пристапните преговори и сите знаеме кој е влогот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира