НЕ ГО СОВЕТУВАВ ИВАНОВ ЗА АМНЕСТИЈАТА, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОЈ ДЕНЕСКА БЕШЕ ИЗБРАН ЗА УСТАВЕН СУДИЈА

    НЕ ГО СОВЕТУВАВ ИВАНОВ ЗА АМНЕСТИЈАТА, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОЈ ДЕНЕСКА БЕШЕ ИЗБРАН ЗА УСТАВЕН СУДИЈАНа денешната собраниска седница, Костадиновски (десно) и професорот Осман Кадриу, беа избрани за судии на Уставниот суд. (Фото: М. Златевска)

    Новиот уставен судија Дарко Костадиновски, кој досега беше советник на Ѓорге Иванов, вели дека не го советувал претседателот да ја прогласи амнестијата на 12 април 2016 година на осомничените и сведоците во случаите на СЈО.

    „Не“, кусо одговори Костадиновски на прашањето на САКАМДАЖАМ.МК за амнестијата која што ги предизвика протестите на Шарената револуција.

    Претходно, тој изрази „бескрајна благодарност“ до претседателот Иванов што го предложил за уставен судија.

    На денешната собраниска седница, Костадиновски и професорот Осман Кадриу, беа избрани за судии на Уставниот суд. Пратениците ги избраа денеска на седницата која што почна со 40-минутно доцнење, пак поради тоа што се чекаше кворум.

    Кадриу доби 68 гласа „за“, а за Костадиновски гласаа двајца пратеници помалку. Новите уставни судии имаат 9-годишен мандат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира