НЕ ЈА БЛОКИРАМЕ МАКЕДОНИЈА ЗА ИНАЕТ, ВЕЛИ БОРИСОВ

    НЕ ЈА БЛОКИРАМЕ МАКЕДОНИЈА ЗА ИНАЕТ, ВЕЛИ БОРИСОВБугарскиот премиер тврди дека нивната позиција нема да се промени со притисоци и лобирање, нешто на што, како што рече тој, се надевале во Скопје. - Бојко Борисов, Зоран Заев и Екатерина Захариева (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска пред бугарските пратеници го образложуваше ветото за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и кажа дека не го направиле тоа за инает.

    „Нашата позиција не е позиција на инает или позиција да ги запреме нашите најблиски пријатели. Подготвени сме да ги продолжиме разговори“, кажа Борисов. 

    Бугарскиот премиер тврди дека нивната позиција нема да се промени со притисоци и лобирање, нешто на што, како што рече тој, се надевале во Скопје. 

    „Бевме исклучително добронамерни, загрижени во преговорите со нив и многу внимателно им објаснивме до каде може да стигнат нашите компромиси“, додаде Борисов.

    Во парламентот се обрати и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, која повторно зборуваше за Тито.

    „Додека во голем дел од другите поранешни југословенски републики им оддаваат почит на бројните жртви на Тито, во Скопје неговото наследство се велича“, изјави Захариева.

    Бугарија не ја одобри преговарачката рамка за Македонија на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија. За да почнат пристапните преговори со ЕУ, сите 27 земји мора да се согласат за содржината на преговарачката рамка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира