НЕ МОЖЕМЕ ПРЕКУ НОЌ ДА СТИГНЕМЕ ВО ПРВИ 10 ЗЕМЈИ НА ПИСА, 62. МЕСТО ЗА ЗНАЕЊЕ Е ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ АДЕМИ

    НЕ МОЖЕМЕ ПРЕКУ НОЌ ДА СТИГНЕМЕ ВО ПРВИ 10 ЗЕМЈИ НА ПИСА, 62. МЕСТО ЗА ЗНАЕЊЕ Е ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ АДЕМИ„Резулатите кои ги постигнавме на последното тестирање се најдобри досега, значително подобри од минатите две тестирање во 2015 и 2018“, рече министерот за образование Арбр Адеми. (Фото: Влада на РСМ)

    Македонија е повторно на дното,  но рангирана е подобро од лани на табелата на ПИСА тестирањето со кое се проверува јазичната писменост, математичката писменост, како и знаењето на учениците во природните науки, а го спроведува  го спроведува  Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД).

    „Македонските ученици имаат највисок скок знаењето во 2018, споредено со 2000 и 2015. Ова е значителен напредок, не можеме преку ноќ или за три години да бидеме во првите десет земји на светската ранг листа. Ова е значителен показател дека сме на прав пат“, рече денеска министерот за образование Арбр Адеми, кој ги презентираше резултатите од истражувањето кое се спровело лани.

    Тој кажа дека Македонија беше една од 79. земји кои изразиле интерес да го проверат суштински знаењето на учениците кое го стекнале до 15-годишна возраст.

    На официјалната интерент страница на ОЕЦД, во делот каде се објавени извештаите од истражувањата, нашата земја е наведена како ФИРОМ, а извештајот е избришан. Од Министерството за образование ни рекоа проблемот е пријавен во Државниот испитен центар, кок се надлежен за тестирањето, и од каде исто така реагирале и до ОЕЦД.

    „По грешка е наведено ФИРОМ наместо Северна Македонија, и во текот на денот извештајот ќе биде објавен“, ни рекоа од Министерството.

    „Нашата земја досега учествуваше во три ПИСА тестирања и тоа во 2000, 2015 и 2018. Резултатите кои ги постигнавме на последното тестирање се најдобри досега, значително подобри од минатите две тестирање. Организаторот ПИСА потврди дека имаме највисок скок. Конкретно, во областа читање со разбирање учениците го остварија највисокиот скок, т. е. се на прво место по напредок. Во областа на природните науки на второ место по скок и на трето место во скок во областа на математика“, рече Адеми.

    Компаративно со резултатите од 2015 и 2018, резулатите за читање со разбирање се подобрени за 41 поен, односно од 352 поени во 2015 на 393 поени во 2018.

    Инаку на официјалнaта ранг листа, Северна Македонија е на 62 место по резулатите од природните науки, на 66 место по читање и на 67 место по резултатите од математика. Во 2015 беше на 68 место по математика и на 69 место по природни науки и читање, но тогаш во конкуренција со 72 држави.

    „Ова покажува дека во сите области имаме значитени подобрувања и ценам дека е плод на суштинските реформи“, кажа министерот Адеми.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари