НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ВИНОВЕН, СЕ ИЗЈАСНИ СЕАД КОЧАН НА СУДЕЊЕТО ЗА СПОРНИОТ ТЕНДЕР ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА

    НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ВИНОВЕН, СЕ ИЗЈАСНИ СЕАД КОЧАН НА СУДЕЊЕТО ЗА СПОРНИОТ ТЕНДЕР ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРАВина не чувствуваат тројцата обвинети. - Првообвинетиот Сеад Кочан пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: М. Златевска)

    Бизнисменот Сеад Кочан, обвинет за злоупотреба на тендер за ископ на јаглен и јаловина тежок 17 милиони евра јавни пари, на главното судење кое штотуку почна изјави пред Судот: „Не се чувствувам виновен.”

    Вина не чувствува ни второобвинетиот Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а ни третообвинетиот Сафет Ватиќ.

    Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски, претходно во воведните зборови рече дека обвинителството ќе докаже оти обвинетите и нивниот конзорциум со фалсификувана документација, со фиктивни документи за потребната опрема за ископ на јаглен и јаловина за ЕЛЕМ, со фиктивна документација за кадровска екипираност и за вработувања, го изиграле законот и се пласирале во втората фаза во постапката за тендерот и на тој начин и го добиле, иако не ги исполнувале условите.

    Бубевски најави сведочења за овој криминал, наоди од вештачење и прислушувани разговори, од кои, рече, се гледа како било договарано и како било сторено изигрувањето на законот пред 6 години.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира