НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ НИКАКВИ ПЕНАЛИ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНИОТ ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ КЛИНИЧКИ, ВЕРОЈАТНО Е ЛАПСУС НА ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ НИКАКВИ ПЕНАЛИ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНИОТ ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ КЛИНИЧКИ, ВЕРОЈАТНО Е ЛАПСУС НА ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Венко Филипче кажа дека огласот за изградба на новиот клинички центар заврши и во тек е евалуација на постигнатите понуди. - Ден Дончев и Венко Филипче (Фото: СДК.МК)

    Нема никаква исплата, не се платени никакви пенали за раскинување на договорот за изградба на нов клинички центар, рече министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека веројатно се работи за лапсус на директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, кој во ТВ емисија кажа дека се платени пет милиони евра.

    „Нема никаква исплата, нема никакви пенали. Во неколку ситуации разговаравме за кредитот кој беше доделен од Централната европска банка и не беше повлечен. Разговаравме и со изведувачот во три наврати и досега не побарал исплата“, рече Филипче и додаде дека договорот е раскинат по една точка од договорот и тоа му е кажано на изведувачот.

    Станува збор за договорот што го потпиша поранешниот министер Никола Тодоров во 2017 година. Тој клинички центар, кој требаше да се гради на местото на стара Гинекологија, требаше да чини 72 милиони евра и требаше да го градат Гранит, Бетон и италијанската компанија Инсо системи.

    За изјавата на Дончев за дека се исплатени пет милиони евра оштета рече дека веројатно е лапсус.

    „Утре ќе се сретнеме за буџетите за следната година и ќе поразговараме и за ова“, рече Филипче.

    Тој кажа дека огласот за изградба на новиот клинички центар заврши и во тек е евалуација на постигнатите понуди.

    „Оваа евалуација ќе трае две недели, па после ќе има дијалог со понудувачите“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари