НЕ СЕ СРЕТНАВ СО ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА, АКО СЕ ВИДАМ ЌЕ ВИ КАЖАМ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    НЕ СЕ СРЕТНАВ СО ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА, АКО СЕ ВИДАМ ЌЕ ВИ КАЖАМ, РЕЧЕ МИЦКОСКИПремиерот Христијан Мицкоски и министерите од Владата, со авион на турската компанија „Фрибрд ерлајнс“ заминаа во Будимпешта на заедничката владина седница со владата на Виктор Орбан.(Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министрите од ВМРО-ДПМНЕ беше во дводневна посета на Унгарија, вели дека таму не се сретнал со поранешниот премиер и лидер на партијата Никола Груевски. 

    Не се сретнав, но доколку би се сретнал ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принципот вистината е најточна. Верувајте секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам, бидејќи нема што да кријам, совеста ми е чиста. Но, исто така можам да потврдам, многу скоро и со докази дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ, се среќаваме во Будимпешта со господинот Никола Груевски“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Општина Илинден.

    Премиерот Христијан Мицкоски и министрите од Владата, со авион на турската компанија „Фрибрд ерлајнс“ заминаа во Будимпешта на заедничката владина седница со владата на Виктор Орбан. Оваа турска компанија ги реализира чартер летовите на странските туристи за посета на земјава, кои ги организира германската компанија „РСД“.

    Со оглед дека нема редовна линија од Скопје до Будимпешта на „Фрибрд ерлајнс“, САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашања до Владата како бил организиран летот, дали бил изнајмен авионот за владината делегација, колку членови брои таа и колку чинел чартерот.

    Од Владата на нашето прашање одговорија дека биле купени авионски карти.

    Владината делегација замина со лет кој го организираше Владата преку Генерален секретаријат, поточно платени се само авионски карти преку ангажирана туристичка агенција за тоа“, ни одговорија од Владата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира