НЕ СУМ  ОПТОВАРЕН СО ВРЕМЕ КОГА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ ГО ПРАТАМ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК, РЕЧЕ ЏАФЕРИ

    НЕ СУМ  ОПТОВАРЕН СО ВРЕМЕ КОГА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ ГО ПРАТАМ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК, РЕЧЕ ЏАФЕРИЗаконот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник, но само претседателот на Собранието Талат Џафери знае кога; - Од брифингот со новинарите (Фото: Г. Трпеноски)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека Законот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник, но не кажа кога.

    „Не сум оптоварен  со време кога ќе го пуштам Законот за употреба на јазиците во Службен весник. Ќе добиете навремена информација кога тоа ќе го направам“, рече денеска Џафери на редовниот брифинг со новинарите.

    Според Џафери, претседателот Ѓорге Иванов го прекршил Уставот со одбивањето да го потпише указот за  Законот, па не е кривично дело тоа што тој упатува на овој закон да се објави. Џафери го повтори ставот дека нема да стави потпис  во име на друг.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира