НЕ СУМ ВИНОВЕН, ЌЕ ПОМОГНАМ ДА СЕ РАСЧИСТИ ОВАА РАБОТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА, РЕЧЕ АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИ, ТАТКОТО НА УБИЕНАТА ВАЊА

    НЕ СУМ ВИНОВЕН, ЌЕ ПОМОГНАМ ДА СЕ РАСЧИСТИ ОВАА РАБОТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА, РЕЧЕ АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИ, ТАТКОТО НА УБИЕНАТА ВАЊАЃорчевски тврди дека не учествувал во грабнувањето на неговата ќерка (Фото: Ѓ. Личовски)

    Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, на денешното судско рочиште рече дека не учествувал во грабнувањето на неговата ќерка, како што тврди Обвинителството.

    „Јас загинав на 27 ноември, чувствувам болка што не може да се објасни со зборови. Но, во овој процес ќе помогнам целосно да се расчисти оваа работа со имиња и презимиња”, рече Ѓорчевски.

    Тој пред судот се изјасни дека не е виновен за делото за кое се товари од Обвинителството. Според обвинителниот акт, Ѓорчевски бил во контакт со Љупчо Палевски-Палчо и му давал информации кога Вања сама ќе оди во училиште за да биде грабната и да се бара откуп.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира