Откако судијата Душан Јосифов го врати на почеток судскиот процес за „Насилства и шамари во Центар” по нарачка и организација на Никола Груевски и Миле Јанакиески, тој ги прозиваше обвинетите за да им го утврди одново и идентитетот.
Јанакиески беше спроведен од притвор и немаше лични документи кај себе.
„Судија, немам лични документи кај себе, сѐ ми е во судот. Имам промени во податоците, невработен сум. Година дена сум во притвор, затоа не сум вработен”, рече Јанакиески.
Промена во податоците од првото судење, пред да го врати Јосифов на почеток, има и Александар Трајковски, кој зема боледување и отиде во Будимпешта да го посети Груевски набргу по неговото бегство.
Царината, каде што беше вработен, тогаш најави дека ќе преземе дисциплински мерки против отсутниот Трајковски.
С. К. ДЕЛЕВСКА