НЕМА АЛТЕРНАТИВА ЗА ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА, СЕ СОГЛАСИЈА ПЕНДАРОВСКИ И МАКРОН

    НЕМА АЛТЕРНАТИВА ЗА ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА, СЕ СОГЛАСИЈА ПЕНДАРОВСКИ И МАКРОНМакрон му рекол на Пендаровски дека по промена на методологијата до март би можело да се очекува одлука на Европскиот совет за отворањето преговори на самитот во мај во Загреб. (Фото: Претседател на РСМ)

    Претседателот Стево Пендаровски по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека и двајцата сметаат дека Македонија нема никаква алтернатива за полноправно членство во Европската унија по одлуката на Макрон да го блокира почетокот на пристапните преговори.

    „Ние не би се согласиле на никаква алтернатива на полноправно членство, тоа може да трае години и години, но ние не прифаќаме друга алтернатива. Тој ми рече прецизно дека никогаш не му била намерата да ни даде алтернатива на полноправно членство, само сака да го подобри процесот за да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите кандидати“, изјави Пендаровски по средбата во Париз, во рамките на Парискиот мировен форум.

    Како што пренесе Пендаровски, Макрон веќе почнал со расчистување на новата методологија за проширување на ЕУ.

    „Претседателот Макрон и неговиот тим веќе имаат предложено нон-пејпер, кој циркулира меѓу земјите членки од пред недела дена и очекува процесот да заврши во наредните месец два начелно. Тој мисли дека методологијата треба да биде усвоена до март, но меѓународна организација со 28 членки не може да бидете сигурни“, кажа Пендаровски.

    Макрон му рекол на Пендаровски дека по промена на методологијата до март би можело да се очекува одлука на Европскиот совет за отворањето преговори на самитот во мај во Загреб.

    „Се разбира, не зборуваме за содржината на одлуката, туку за распоредот временски.

    Она што е важно е што тој самиот инсистираше и ми предложи дека ќе дојде многу брзо кај нас. Ми рече: ’можете слободно да кажете дека ќе дојдам во првите шест месеци од 2020‘“, кажа Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира