НЕМА ДА ГО ГЛЕДАТЕ ФИЛМОТ ОД 2016, ЈАС ЌЕ ПРАВАМ ВЛАДА, КАЖА МИЦКОСКИ НА ПАРТИСКАТА КОНВЕНЦИЈА

    НЕМА ДА ГО ГЛЕДАТЕ ФИЛМОТ ОД 2016, ЈАС ЌЕ ПРАВАМ ВЛАДА, КАЖА МИЦКОСКИ НА ПАРТИСКАТА КОНВЕНЦИЈАМицкоски кажа дека не е носител во ниту една изборна единица бидејќи е сигурен во победа и дека тој ќе биде мандатар на новата влада.(Фото: К.Попов)

    ВМРО-ДПМНЕ  на конвенција во Филхармонија ги промовираше носителите на листите и кандидатите за пратеници за новиот парламентарен состав. Опозициската партија на парламентарните избори ќе настапи со слоганот „Обнова на Македонија“.

    • Носител во првата изборна единица ќе биде претседателскиот кандидат на изборите од минатата година, Гордана Силјановска-Давкова.
    • Во втората изборна единици носител ќе биде поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.
    • Во третата изборна единица носител е генералниот секретар Игор Јанушев.
    • Во четвртата изборна единица носител е поранешниот пратеник Александар Николовски.
    • Листата на петтата изборна единица ќе ја предводи оперскиот пејач Игор Дурловски.
    • Во шестата изборна единица носител ќе биде пратеничката Дафина Стојановска.

    Лидерот Христијан Мицковски нема да биде носител во ниту една изборна единица. Тој во говорот кажа дека не е носител во ниту една изборна единица бидејќи е сигурен во победа и дека тој ќе биде мандатар на новата влада.

    „ВМРО ДПМНЕ ќе победи на овие избори. Ова не е филмот кој го гледавте во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ ќе направи влада“, рече Мицкоски.

    Четврток 12 март е крајниот рок политичките партии да ги поднесат кандидатските листи до Државната изборна комисија. Изборите се закажани за 12 април, а изборната кампања почнува на 23 март.

    Лидерите на политичките партии утре имаат координација во Владата со премиерот Оливер Спасовски заради состојбата со коронавирусот и евентуално одложување на големите митинзи.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари