НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОВРЕДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ ВО БРИСЕЛ

    НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОВРЕДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ ВО БРИСЕЛ

    Брисел, 22 март, 2016 – (META) Серија експлозии од утринава се случија во Брисел, Белгија, во кои, според последните информации, најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени.

    Две експлозии рано утрово имаше на бриселскиот аеродром „Завентем“, а некои медиуми пишуваат за експлозии што се случиле и во неколку метро-станици во Брисел.

    Белгиските власти потврдија дека сите метро-станици, целиот јавен транспорт, музеите и зградите на Европската Унија се затворени.

    Како што велат за „Мета“ од македонската амбасада во Брисел, низ градот постојано се слушаат сирени на полициски возила и на возила за итна помош.

    Во Белгија живее бројна македонска заедница, но од амбасадата велат дека засега немаат информации за повредени или загинати Македонци во експлозиите.

    Од амбасадата информираат дека експлозијата на метро-станицата Маалбек се случила на само 200 метри од објектот на македонската амбасада.

    Тие имаат информации и за бомба на метро-станицата Шуман, која е во близина на зградата на Европската комисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари