НЕМА МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЈАНКУЛОСКА, КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    НЕМА МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЈАНКУЛОСКА, КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА СЈО

    Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврдил одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија да не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“.

    СЈО бараше од судот на Јанкулоска да ѝ биде одземен пасошот, да ѝ се определи забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува пред надлежен орган.

    „Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решението на судија на претходна постапка од 18 јули, 2016 со кое беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против Г. Ј. опфатена во предметот на СЈО во јавноста познат како ’Тврдина’, донесе решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на судија на претходна постапка се потврдува“, стои во соопштението на судот.

    Специјалното обвинителство бараше изземање на судијката Поп-Стефанија токму во случајот со Јанкулоска, бидејќи поранешната министерка се води како вработена во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а вработен во разгранокот на владејачката партија во Неготино е и сопругот на Поп-Стефанија. Кривичниот суд го одби барањето за изземање, а ниту Апелацискиот суд потоа не ја прифати жалбата на СЈО во врска со одлуката на првостепениот суд.

    Осомничените во „Тврдина“, меѓу кои првоосомничен е поранешниот директор на петтата управа на МВР Горан Грујовски, се товарат дека минатата година ја уништиле опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари