НЕМА НОВИ МЕРКИ, ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 22 ЧАСОТ ЌЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    НЕМА НОВИ МЕРКИ, ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 22 ЧАСОТ ЌЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВо земјава има 11.889 активни случаи на ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Нема нови мерки против ковид-19, останува полицискиот час од 22 часот до 5 часот, е заклучокот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

    „Се наоѓаме во екот на третиот бран, за еден месец бројката е зголемена за 5 илјади заразени. Во болниците има околу 1.100 пополнети болнички места, притисокот во Скопје беше навистина голем. Според анализите, треба да остане оваа мерка, ќе даде резултати за 4-5 дена“, кажа Филипче.

    Од почетокот на коронакризата во земјава се регистрирани 113.929, оздравени се 98.676, починати се 3.364, а активни случаи се 11.889.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира