НЕМА ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ, КОРОНАВИРУСОТ Е ПРИСУТЕН ИАКО СОСТОЈБАТА Е МИРНА, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    НЕМА ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ, КОРОНАВИРУСОТ Е ПРИСУТЕН ИАКО СОСТОЈБАТА Е МИРНА, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИКомисијата предложи зајакнување на кампањата за вакцинација. (Фото: СДК.МК)

    Иако е мирна ситуацијата, луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход, апелираа од Комисијата за заразни болести по денешната средба на која беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба.

    Засега нема ново олабавување на мерките за спречување зараза од ковид-19. Планирано е да се интензивира кампањата за вакцинација преку пласирање научно проверени информации на социјални мрежи и медиуми. Целта е соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

    Од Комисијата за заразни болести соопштија дека ќе продолжат внимателно да ја следат актуелната состојба и ако постои можност ќе предложат постепено релаксирање на мерките.

    Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 14 до 20 март, има благо зголемување на бројот на позитивни и на реинфекции, но намален е бројот на болни од ковид в болница.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира