НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕН ЗИМСКИ РАСПУСТ, ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ЗАВРШУВА НА КРАЈ НА ГОДИНАВА, РЕЧЕ ЦАРОВСКА

    НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕН ЗИМСКИ РАСПУСТ, ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ЗАВРШУВА НА КРАЈ НА ГОДИНАВА, РЕЧЕ ЦАРОВСКАВторото полугодие ќе почне на 21 јануари; - Од почетокот на новата учебна година на 1 октомври во скопската општина Карпош. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Предвремен зимски распуст не е потребен зашто во училиштата нема ширење на коронавирусот, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција во Владата, на која го презентираше буџетот за 2021 на Министерството за образование и наука (МОН).

    Според податоците до вчера, како што рече таа, активни ковид позитивни во школите со физичко присуство  се 148 наставници и 79 ученици, што е помалку од 1 процент од вкупниот број на наставници, односно 0,06 проценти од вкупниот број ученици.

    „Ова се факти кои зборуваат дека интерно ширење на вирусот во училиштата нема, дека образовниот систем е стабилен и училиштата ги почитуваат мерките и здравствените протоколи. Токму затоа, продолжуваме да го спроведуваме Планот од Владата за учебната 2020/2021, според кој второто полугодие ќе почне на 21 јануари, а на крајот на годинава ќе заврши првото полугодие“, рече министерката.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира