НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, AMA НЕ ИСКЛУЧУВАМЕ ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЗЈАВИ АХМЕТИ

    НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, AMA НЕ ИСКЛУЧУВАМЕ ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЗЈАВИ АХМЕТИАхмети рече дека кризата се продлабочува со пролонгирање на роковите за одржување на локалните избори, бидејќи мандатот на Локалната самоуправа и истекува на средината на мај, и затоа овој проблем мора да се реши, а за тоа мора да има функционално Собрание.-Лидерот на ДУИ Ахмети пред седиштето во Мала Речица (Фото:СДК.МК)

    ДУИ не донесе одлука дали ќе ги повлекува или не министрите во техничката влада на Емил Димитриев.

    За таква одлука партијата прво ќе се консултирала со правни експерти околу толкувањето дали министрите да дадат оставки или не.

    „Расправаме за деблокирање на оваа состојба  со давање на оставки од министрите на ДУИ. Но за ова постојат две толкувања. Министрите можат да дадат оставки, но немаат каде да ги поднесат.  И да дадат оставки ќе мора да ги извршуваат функциите до избор на нова влада“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети,  после седницата на партиското претседателство.

    Ахмети рече дека кризата се продлабочува со пролонгирање на роковите за одржување на локалните избори, бидејќи мандатот на локалната самоуправа  истекува на средината на мај.

    „Тоа е многу брзо,  и затоа овој проблем мора да се реши, а за тоа мора да имаме функционално Собрание“, рече лидерот на ДУИ.

    Централното претседателство на ДУИ денеска не донелo никаква одлука какви мерки ќе преземе за деблокирање на Парламентот.

    „Ние како ДУИ не ја исклучуваме можноста да имаме лидерска средба со другите политички партии.  Се отфрла можноста за нови предвремени парламентарни избори затоа што тоа нема да придонесе да се реши оваа институционална и политичка криза“, рече Ахмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира