НЕМАМ ХРАБРОСТ ДА ОДАМ ПРОТИВ ПРЕПОРАКИТЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ДА СЕ ДОЗВОЛАТ СВАДБИ, РЕЧЕ БИТИЌИ

    НЕМАМ ХРАБРОСТ ДА ОДАМ ПРОТИВ ПРЕПОРАКИТЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ДА СЕ ДОЗВОЛАТ СВАДБИ, РЕЧЕ БИТИЌИУгостителите денес во 15 часот ќе протестираат пред Влада; - Од протестот на 19 февруари. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека Владата не се согласува со барањата на угостителите да се дозволи организирање свадби и весели. Откако неколку дена угостителите кои организираат свадби, ноќните клубови и музичари протестираат поради забраната за работа, Битиќи кажа дека Владата ќе ја почитува одлуката на Комисијата за заразни болести во врска со заштитата до ковид-19.

    „Јас сум отворен за средби, но немам доблест и храброст да одам против препораките на Комисијата за заразни болести. Кога Комисијата кажува дека не е дојдено време да се направат олеснителни околности за работа, тогаш треба да ги слушаме и да им веруваме дека тоа е најдобро за здравјето на граѓаните“, рече Битиќи одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата за промоција на нов портал на Националната инфраструктура за просторни податоци.

    Угостителите денеска повторно ќе протестираат. Протестот е најавен за 15 часот пред Владата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира