НЕМАМЕ ПОТРЕБА ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ АРГУМЕНТИ ВО СПОРОТ СО БУГАРИЈА ЗА ДА ЈА СПОРЕДУВАМЕ СО РУСИЈА, ВЕЛИ ОСМАНИ

    НЕМАМЕ ПОТРЕБА ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ АРГУМЕНТИ ВО СПОРОТ СО БУГАРИЈА ЗА ДА ЈА СПОРЕДУВАМЕ СО РУСИЈА, ВЕЛИ ОСМАНИ„Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда, но и за дефинирање на односот што го имаме со Русија“, кажа Османи за одлуката на Русија да ја стави Македонија на списокот со непријателски земји. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема потреба да се користи фактот што бугарската реторика за блокирање на евроинтеграцијата на Македонија е идентична со руската реторика за оправдување на инвазијата на Украина, во убедувањето на ЕУ да се одобри почеток на пристапните преговори, затоа што 26 земји членки на ЕУ веќе се убедени дека нашата позиција е правилна.

    „На нас не ни фалат аргументи, нашата позиција нема криза на аргументи за да се користат нови аргументи во нови ситуации. Нашата позиција е јасна и е прифатена од 26 земји членки на ЕУ и се обидуваме да ја убедиме и Република Бугарија дека тоа е начинот на кој што треба да се надмине ова прашање. Ние немаме потреба од дополнителни аргументи за да убедиме кого било во светот дека нашата позиција е правилна, 26 земји членки на ЕУ се веќе убедени“, кажа Османи на денешниот брифинг, одговарајќи на новинарско прашање.

    Прашан за реакција на денешната одлука на руската влада да ја стави и Македонија на листата со непријателски земји, Османи одговори:

    „Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда, но и за дефинирање на односот што го имаме со Русија“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира