НЕПРИФАТЛИВО Е ПОРАНЕШНАТА ВЛАДЕЈАЧКА ПАРТИЈА ДА ИСПРАЌА НАСИЛНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО, ПОРАКА ОД ОФИЦИЈАЛЕН БЕРЛИН

    НЕПРИФАТЛИВО Е ПОРАНЕШНАТА ВЛАДЕЈАЧКА ПАРТИЈА ДА ИСПРАЌА НАСИЛНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО, ПОРАКА ОД ОФИЦИЈАЛЕН БЕРЛИН„Одговорните во Скопје треба на дело да ги потврдат заложбите за Европа, и да ги прифатат и спроведат изборните резултати“ - германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел

    Министерството за надворешни работи на Германија денеска претпладне го повикало на разговор македонскиот амбасадор во Берлин и му упатило остра порака дека одговорните во Скопје мора да ги прифатат резултатите од изборите, пишува „Дојче Веле на македонски јазик“.

    Како што информира официјален Берлин, во просториите на министерството за надворешни бил повикан амбасадорот Сашо Марковски, на кого му било порачано дека „одговорните во Скопје треба на дело да ги потврдат заложбите за Европа, и да ги прифатат и спроведат изборните резултати“.

    Германското Министерство за надворешни работи попладнево му го честиташе изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и повика на брзо формирање влада согласно резултатите од парламентарните избори во декември.

    Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел претходно денеска изјави дека е „неприфатливо поранешната владејачка партија да не ги прифаќа изборните резултати и да ги испраќа своите поддржувачи да вршат упад во Собранието и да напаѓаат пратеници“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари