СО НЕТРПЕНИЕ ЧЕКАМ ДА РАБОТИМЕ НА ЕВРОАТЛАНСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ НОВАТА БРИТАНСКА АМБАСАДОРКА РЕЈЧЕЛ ГАЛОВЕЈ

    СО НЕТРПЕНИЕ ЧЕКАМ ДА РАБОТИМЕ НА ЕВРОАТЛАНСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ НОВАТА БРИТАНСКА АМБАСАДОРКА РЕЈЧЕЛ ГАЛОВЕЈ„Ќе продолжиме да даваме силна поддршка на стратешките цели на Македонија и нејзината евро-атлантска интеграција. Со нетрпение очекувам да работиме на прашања што ја зајакнуваат нашата заедничка безбедност, стабилност и просперитет“, рече амбасадорката Галовеј по предавањето на акредитивите на претседателот Ѓорге Иванов.(Фото: Британска амбасада)

    Новата британска амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј денеска ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов. Амбасадорката по предавањето на акредитивните писма рече дека ќе ја продолжи поддршката која Велика Британија ја дава на Македонија за евроатланска интеграција.

    „Многу сум среќна и почестена што сум акредитирана како амбасадор на Нејзиното величество во Република Македонија. Нашите земји имаат блиско и долгорочно партнерство. Ќе продолжиме да даваме силна поддршка на стратешките цели на Македонија и нејзината евроатлантска интеграција. Со нетрпение очекувам да работиме на прашања што ја зајакнуваат нашата заедничка безбедност, стабилност и просперитет“, рече амбасадорката Галовеј.

    Амбасадорката Галовеј работела како парламентарен истражувач пред да стане дел од тимот на Министерството за надворешни работи и Комонвелт во 2001 година. Пред нејзиниот мандат во Македонија раководела со Машрек Магреб работната група во Службата за надворешни работи на Европската унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира