Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во целост ги отфрла лажните наводи изнесени од пратеникот Антонијо Милошоски, на емисија на „Алфа“ телевизија, каде што обвини за поткуп на осумтемина пратеници за гласањето за уставните измени. Најави тужба за клевета против Милошоски.
„Во континуитет раководството на ВМРО-ДПМНЕ изнесува вакви клевети за поткуп. Го охрабруваме пратеникот Антонијо Милошоски и останатите од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако имаат докази за ваквите клевети, веднаш да ги пријават во Јавното Обвинителство. Во спротивно, најавуваме дека ваквите наводи ќе треба да ги докажуваат во судски постапки“, најави и тужби за клевета Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.