НИЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ЗЕЛЕНОТО СВЕТЛО ОД МАКРОН, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ТИМОНИЕ ОТКАКО ГЕРМАНИЈА ОДОБРИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

    НИЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ЗЕЛЕНОТО СВЕТЛО ОД МАКРОН, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ТИМОНИЕ ОТКАКО ГЕРМАНИЈА ОДОБРИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУФранцускиот амбасадор Кристијан Тимоние денес ја посети битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ каде беше потпишан уште еден пет годишен договор со Француската алијанса за интензивирање на размените на образовен план меѓу Северна Македонија и Франција. (Фото: СДК.МК)

    „Секој со својот систем, ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на републиката“, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние запрашан дали зеленото светло од Германија за пристапните преговори ќе ја охрабри и Франција да го стори истото.

    „Како и секогаш многу споделуваме со нашите германски партнери на оваа тема. Имаме еден добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа го направи на регионален план. Ние Французите и Германците многу добро знаеме дека има уште многу, многу работа за реформите кои што се на хартија, да станат реформи во реалноста. Ќе направиме еден убав коктел меѓу реалноста и еден добар прием. Реалноста што треба да се поправи и дополни и она што го очекувате еден добар прием од наша страна. Впрочем знаете, треба да се дискутира оти 27 земји ќе дискутираат. Европа е едно богатство зашто може да се донесат добри одлуки, но тоа е многу дискусија, дебатирање и компромиси“, рече Тимоние.

    Тој денес ја посети битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ каде беше потпишан уште еден пет годишен договор со Француската алијанса за интензивирање на размените на образовен план меѓу Северна Македонија и Франција, како и соработка на заеднички проекти. Тимоние истакна дека ова е едно од најдобрите училишта во земјава каде напредно се изучува францускиот јазик, па дури и градоначалникот на француската општина Епинал бил импресиониран од тоа како учениците од Битола при посетата на Франција го зборувале јазикот.

    „Младите амбасадори од Битола имаа успешната мисија во Епинал, градоначалникот на Епинал е импресиониран од нивниот француски и познавањата од историјата и нема подобра промоција на вашата земја отколку фактот кога ќе испратите вакви брилијантни луѓе кои ќе покажат дека вашето место е во Европа“, рече амбасадорот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира