НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ВИ ГИ АПСИМЕ КОРУМПИРАНИТЕ, АМА ИНТЕРЕСНО Е ДА СЕ ВИДИ ШТО ЌЕ ПРЕЗЕМАТ НАДЛЕЖНИТЕ ПО СТАВАЊЕТО НА ЦРНАТА ЛИСТА НА КАМЧЕВ, МЕРКО И ДРУГИТЕ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР

    НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ВИ ГИ АПСИМЕ КОРУМПИРАНИТЕ, АМА ИНТЕРЕСНО Е ДА СЕ ВИДИ ШТО ЌЕ ПРЕЗЕМАТ НАДЛЕЖНИТЕ ПО СТАВАЊЕТО НА ЦРНАТА ЛИСТА НА КАМЧЕВ, МЕРКО И ДРУГИТЕ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕРАко сака Северна Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговрните мора да одговараат, кажа амбасадорката на САД (Фото:Ѓ.Личовски)

    Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер на денешната прес-конференција, по ставањето на бизнисменот Јордан Камчев на црната листа на САД, но и на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко претходно, кажа дека не може американските власти да дојдат тука и да апсат некого во Македонија и да судат, туку дека тоа е работа на нашите надлежни органи.

    Верувам дека медиумите и јавноста во оваа земја имаат улога и се надевам дека тие ќе ги прашаат надлежните тука дали сметаат дека треба да преземат нешто. Ние нема да дојдеме во Северна Македонија да апсиме некого или да почнеме правен процес против нив, но интересно ќе биде да се види какви дејствија ќе бидат преземени по означувањата. Не е моја работа како амбасадор на САД да им кажувам на институциите тука што треба да преземат“, изјави амбасадорката.

    Доказите за личностите што се ставени на црната листа на САД, Агелер потенцираше дека се собрани овде, во институциите, и дека следните мерки зависат од надлежните органи.

    Во примерот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, тим од државното обвинителство отиде да изврши увид во закочените, затворените или тековните истраги. По увидот Обвинителството соопшти дека им упатил укажување на одредени обвинители кои работеле на истрагите против Мерко. Засега нема уапсени, или обвинители дадени на дисциплинска постапка во врска со истрагите на Мерко, за кои Стејт департментот и амбасадата тврдат дека влијаел врз постапките што се водат против него.

    Агелер и денеска го кажа ставот на САД дека ако сака Северна Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговрните мора да одговараат, кажа таа.

    Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“, одговори Агелер на новинарско прашање – кој е следниот за на црната листа на САД.

    Таа уште еднаш кажа дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите. Таа се надева дека и граѓаните ќе бараат интегритет од луѓето кои имаат влијание.

    Американското Министерство за финансии вчера го означи Камчев согласно извршната наредба на претседателот Џо Бајден од јуни 2021 година, како лице кое е закана за стабилноста на Западен Балкан преку корупција.

    „Господинот Камчев ја злoупотребуваше својата позиција, беше вклучен во коруптивни активности и спроведуваше агенда за сопствена корист на сметка на македонските граѓани и демократски институции“, кажа потсекретарот во Министерството за финансии задолжен за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира