НИКОЈ НЕ МЕ ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА КАМЧЕВ И ПАНДЕЛЕСКИ ПРЕКУ ЧИФЛИГАНЕЦ СЕ ОБИДОА ДА ВЛИЈААТ НА „ИМПЕРИЈА“, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ПО РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“

    НИКОЈ НЕ МЕ ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА КАМЧЕВ И ПАНДЕЛЕСКИ ПРЕКУ ЧИФЛИГАНЕЦ СЕ ОБИДОА ДА ВЛИЈААТ НА „ИМПЕРИЈА“, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ПО РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си заминува од распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција (Фото: СДК.МК)

    По пет часа распит од страна на обвинителката за организиран криминал и корупција Ивана Трајчева, обвинителката од СЈО Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ го напушти обвинителството.

    Таа кажа дека сè што имала да сподели со јавноста веќе го направила тоа, и дека ништо повеќе од што веќе го кажа во однос на влијанието врз неа за истрагата „Империја“ не може дополнително да каже јавно. Другите детали рече дека ги кажала пред Обвинителството за организиран криминал.

    Кога беше побаран коментар од неа за бизнисменот и нејзин долгогодишен пријател Ванчо Чифлиганец дека ја демантирал дека преку него осомничените Цветан Панделески и Орце Камчев вршеле влијание за запирање на „Империја“ таа рече: „Никој мене не ме демантирал, Чифлиганец мене не ме демантирал“ и си замина од зградата.

    САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека специјалната обвинителка Катица Јанева е повикана на распит следната недела. Неофицијално, од Обвинителството за организиран криминал и корупција најавуваат дека многу брзо ќе се расплете ситуацијата и ќе се одговори на многу прашања и нејаснотии во отворената истрага „Рекет“, каде што осомничени и веќе во притвор се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. За нив е побарано продолжување на мерката притвор, откако првиот притвор од 30 дена истекува на 15 август.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари