НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО ЧЕПНЕ ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ

    НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО ЧЕПНЕ ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИПосегнувањето по парите во вториот пензински столб е како да им ги одземете штедните влогови на граѓаните, вели Оливер Спасовски. (Фото: Влада)

    Премиерот Оливер Спасовски кажа дека Владата не може да посегне по вториот столб, како што предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во објава на Фејсбук, Спасовски вели дека станува збор за лични финансиски средства на секој осигуреник.

    „Владата не може да посегне по вториот пензиски столб. Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично. Јас не можам да разберам како може лидер на опозиција или опозицијата да посегне по лични финансиски средства. Тоа е исто како сега да кажете сите кои што имаат штедни влогови во банките, државата може да донесе одлука и да рече да им ги земаме штедните влогови“, вели Спасовски.

    Мицкоски предложи веднаш средствата кои што се уплаќаат во Фондот за вториот задолжителен приватен пензиски столб, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира